Амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато порача дека Албанија нема време да одолговлекува со исполнувањето на реформите и посочи дека треба да има соработка меѓу партиите во земјава за најпозитивен резултат.
На свеченото отворање на 9-тото издание на Школата за европски интеграции, тој потсети дека минатата недела ЕК ја одобри и реформската агенда за планот за раст, додавајќи дека главната идеја е да се донесат некои од придобивките и оти „ова вклучува можности за подобра интервенција во Европската унија и други финансиски нивоа“.
-Албанија мора да го зголеми темпото на реформите, ќе има ригорозен мониторинг од страна на ЕУ и земјите членки, бидејќи, како што знаете, одлуката ја даваат тие. Нема време за одложување. Пакетот за проширување за 2024 година, одобрен оваа недела бара јасни насоки, широка партиска поддршка, ефикасна преговарачка структура и консултации со актерите на албанското општество, етички реформи и завршување на политичките и економските трансформации со сите чинители, порача Гонзато.
Свое обраќање имаше и претседателката на албанскиот Собранието, Елис Спиропали, која интеграцијата во Европската унија ја оцени како најважна национална стратешка цел и апсолутен приоритет на Собранието на Албанија.
-Европа не е само решение, туку Европа за нас е единствениот избор што го сакаме и ни треба. И покрај бескрајните промени и непријателства произведени од нервите на денешната политика во земјата, европската интеграција на Албанија е нашата најважна национална стратешка цел, рече Спиропали.