сабота, февруари 8, 2025
-0.2 C
Skopje

Грција се подготвува за големо невреме викендов, 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег

Грчките метеролози за недела најавуваат значителна промена на времето во земјата со главни карактеристики врнежи од дожд, локално невреме главно на запад и врнежи од снег главно на планините.

Во Северна Грција ќе врне снег на места со прилично мала надморска височина. Се забележува дека врнежите од дожд во источните и јужните островски предели од земјатаа ќе бидат локални и генерално слаби. Ќе дува силен североисточен ветер во централните, северните и јужните региони со брзина до 7 бофори, а температурата во централните и особено во северните делови од земјава ќе опадне.

Грчката служба за цивилна заштита ги предупреди локалните власти да бидат подготвени да реагираат во случај на екстремни временски услови. Постепено ќе се засилуваат ветровите во Егејското Море, што има ризик од запирање на траектите и прекин на сообраќајот од некои пристаништа.

Патниците треба да контактираат со транспортните компании пред да патуваат, советуваат властите. И, исто така потсетуваат дека дека патничките автомобили мора да бидат опремени со зимски гуми и синџири за движење во зимски услови.

Без разлика на правецот на сообраќајот, полицијата проверува дали има синџири и во отсуство изрекува казни од 80 евра.

„Патувајте само со автомобили кои се сервисирани и имајте полн резервоар“, советува грчката полиција.

 

 

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови