Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција, а од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јави дописничката од Атина.
На експлозијата и претходел анонимен тефлонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставен експлозивниот механизам, кој ќе експлодира за 40 минути.
Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.
Неофицијално, експлозивниот механизам бил поставен во ранец оставен на тротоар во строгиот центар на Атина наспроти влезот на Министерството и во близина на банка.