недела, мај 18, 2025
8.2 C
Skopje

Ердоган се закани дека ќе ја затвори базата Инџирлик

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе затвори две стратегиски воени бази што ги користат Соединетите држави и НАТО доколку Вашингтон воведе санкции како одговор на тоа што Турција купи руски противвоздушен ракетен систем. „Ако е неопходно ние можеме да го затвориме Инџирлик, а можеме да го затвориме Куречик“, изјави Ердоган во интервју за телевизија Хабер. Инџирлик со децении е една од главните бази на САД и на  НАТО во регионот, додека Куречик е главната радарска станица на НАТО.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови