четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Завршија истрагите за „Гердец“, Медиу е обвинет од СПАК за злоупотреба на службената положба

 

Поранешниот албански министер за одбрана и лидер на Републиканската партија, Фатмир Медиу, е обвинет за злоупотреба на службената должност во врска со трагедијата што се случи во Гердец, во близина на Тирана пред 15 години.

По завршување на истрагата обвинение покрена Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК.

-Медиу денеска бил повикан во СПАК каде му било соопштено дека против него се поднесуваат две кривични пријави, за злоупотреба на службената должност и за злоупотреба на службена должност во воени рамки. Во рок од 10 дена досието ќе оди во Специјалниот Апелациониот суд да се вештачи, а Медиу е веќе обвинет, јави Топ чанел.

СПАК ја истражи одговорноста на поранешниот министер за трагичниот настан од март 2008 година, притоа регистрирајќи ја како кривична постапка во октомври 2021 година.

Евидентирани се постапки за кривичните дела: „Злоупотреба на службена должност, извршена во соработка“, како и „злоупотреба на службена должност во соработка со воен субјект, команден персонал“.

Овој потег на СПАК дојде откако Специјалниот Апелациски суд на 24 септември 2021 година го врати досието „Грдец“ на истрага во СПАК.

Во решението на Апелација беше наведено дека за случајот немало судски процес и дека со симнувањето на имунитетот на Медиу се отвора пат за повторна истрага.

-Медиу беше еден од обвинетите за злоупотреба на службената должност за инцидентот во 2008 година кога не само Албанија, туку и регионот, беа шокирани од експлозијата во воена магацин за демонтирање на муниција, додава телевизијата.

На 15 март 2008 година на пладне, како последица на силна експлозија во погон за демонтирање муниција, животот го загубија 26 лица кои работеа таму, меѓу кои и деца, а многу повеќе беа повредени. Покрај жртвите, експлозијата уништи и стотици индивидуални и деловни објекти.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови