Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во подрачјето на градот Пловдив, објави БГНЕС.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар при Националниот институт за геофизика, геодезија и географија – БАН, настанот се случил во 16:39 часот по бугарско време со епицентар на 25 километри од градот Асеновград, 100 километри од градот Стара Загора и 130 километри од градот Софија.