сабота, април 26, 2025
11.8 C
Skopje

Инциденти на масовниот протест во Атина за железничката несреќа

Со инциденти и судири меѓу полицијата и групи маскирани лица заврши масовниот протест во центарот на Атина, организиран поради железничката несреќа кај Темпи во која 57 лица го загубија животот.

Инцидентите започнаа пред грчкиот Парламент и се проширија низ улиците околу плоштадот Синтагма.

Маскираните лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва и сл, а специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец.

Паралелно со инцидентите, непознати лица предизвикаа материјална штета на продавници, автобуски постројки, а запалија и едно комбе.

Денешниот протест беше еден од помасовните во Атина во изминатите години, со учество на десетици илјади демонстранти кои излегоа и за да го изразат нивиот бес за железничката несреќа, но и да им оддадат почит на загинатите.

Протест поради несреќата, освен во Атина се одржаа во уште над 70 градови во цела Грција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови