Ноќеска во црногорскиот парламент е изгласан спорниот закон околу слободата на вероисповест, за кој СПЦ и дел од опозицијата сметаше дека е неуставен и дискриминирачки, и побараа да биде симнат од деловникот на Собранието.
Претставниците на владеачката партија порано изразија поддршка за Законот.
Гласаа 46 пратеници, од кои 45 за, а еден воздржан. После тоа дојде до инцидент кога дел од пратениците дојдоа до претседателството и почнаа да кршат компјутери и да ги вадат микрофоните.
Уапсени биле 17 пратеници од опозициската партија „Демократски фронт“.
https://www.facebook.com/marina.jocic.92/videos/2990353390989057/