недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Кандидат за претседателка на ФБиХ е Лидија Брадара

Претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ денеска ги соопшти имињата на членовите на Советот на министри на Босна и Херцеговина и во Федерацијата БиХ.

Тој додаде дека е одлучено кандидатот за претседател на ФБиХ да биде Лидија Брадара, а дека партијата сака Борјана Кристо да биде претседателка на Советот на министри.

– Договоривме конкретен пристап во однос на сегашниот кадар. Што се однесува до претседателката на Федерацијата БиХ, тоа е Лидија Брадара и Борјана Кристо на чело на Советот на министри на БиХ. Нашата желба е до следната недела да имаме мандатар за да ги исполниме очекувањата дека првпат во историјата ќе го имаме Советот на министри во целина во изборната година и евентуално буџетот, наведе Човиќ.

Според него следната недела ќе заврши процесот за Домот на народите и врз основа на тоа ќе го предложи претседателот на Федерацијата, а потоа следи процесот на мандатарот.

Човиќ потенцира дека како и досега Министерството за финансии на БиХ ќе го водат кадри на неговата партија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови