среда, јули 16, 2025
25.8 C
Skopje

Косово го врати полицискиот час

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, соопшти дека од денеска во некои градови се воведува полициски час поради зголемениот број на случаи на коронавирус.

Во Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде на сила забрана за движењње од 21 часот до 5 часот наутро.

Работата на рестораните се ограничува само на летни тераси и со достава.

Хоти најавил дека ќе бидат обезбедени поголем број тестови за да може дневно да се прават и по 500 тестирања.

Планирана е реорганизација на Универзитетскиот клинички центар, но и ставање на располагање на приватните болници.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови