Претседателката на Косово, Вјоса Османи му честита на премиерот на Шведска, Улф Кристерсон за добивањето зелено светло за зачленување во Северноатлантската алијанса, НАТО, јави дописникот од Приштина.
Откако вчера и Унгарија, како последна земја-членка на НАТО даде согласност за зачленување на Шведска, Османи преку својата страница на платформата „Х“ порача дека и Косово ќе продолжи да работи во правец на приклучување кон Алијансата.
„Честитки премиеру Кристерсон! Ова е историски момент за безбедноста, превенцијата и одбраната на Европа. Косово ќе продолжи да работи со сојузниците во нашите напори да се приклучиме на Северноатлантската алијанса, придонесувајќи за една посигурна и побезбедна Европа“, напиша Османи.