среда, мај 14, 2025
13.6 C
Skopje

Косовскиот премиер Авдулах Хоти позитивен на Ковид-19

Kосовскиот премиер, Авдулах Хоти информираше синоќа на својата ФБ страна дека е позитивен на Ковид 19.

Хоти објави дека нема видливи симптоми освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во следните две недели ќе ги извршува од својот дом.

„Денеска го извршив тестот за Ковид 19 и резултатот е позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација, во наредните 2 недели. Обврските ќе ги извршувам од дома“ – напиша Хоти синоќа на Фејсбук.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови