сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека во Белград имал средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите. Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата“, напиша Лајчак на Твитер.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска во Белград имал „чесен и коректен“ разговор со претставниците на ЕУ и САД задолжени за Западен Балкан.

„Искрен и коректен разговор со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и американскиот пратеник Габриел Ескобар“, напиша Вучиќ на Инстаграм по трилатералната средба.

Вучиќ претходно имаше тет а тет средба со Лајчак, по што на средбата им се придружи и Ескобар. По разговорите не беа најавени обраќања до медиумите.

Лајчак и Ескобар, денеска пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, во услови на зголемени тензии на северот на Косово.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови