сабота, ноември 2, 2024
22.8 C
Skopje

Лајчак: Продолжуваат разговорите помеѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синиоќа по рундата технички дијалог во Брисел, изјави дека се зборувало за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Лајчак истакна дека ќе продолжат разговорите.

По заедничката средба со главните преговарачи на Белград и на Приштина, Лајчак на Твитер објави дека целта е да се „разјаснат отворените прашања“.

Бев домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, во новата рунда од Дијалогот во Брисел. Разговаравме за понатамошниот пат на имплементација на Договорот од 27 февруари, а нашата цел беше да ги разјасниме отворените прашања. Разговорите ќе продолжат, напиша Лајчак на Твитер.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови