вторник, мај 20, 2025
22.7 C
Skopje

Лидерот на СИРИЗА бара од Мицотакис да ја повлече кандидатурата на Тасулас за шеф на државата

Лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос го повика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да ја повлече кандидатурата на поранешниот претседател на Парламентот Константинос Тасулас за шеф на државата, јави дописничката од Атина.

Изјава и барањето на Фамелос се и поради денешното трето гласање за претседател во Парламентот, на кое повторно ниту еден од кандидатите не го доби потребниот број гласови, но и поради, како што рече, новите информации што излегуваат во јавноста за железничката несреќа кај Темпи пред речиси две години во која загинаа 57 лица.

– Денешниот трет, неплоден процес на гласање за функцијата претседател на државата докажа дека јазот меѓу грчкото општество и господата Мицотакис и Тасулас сè повеќе се зголемува. По секојдневните шокантни откритија за криминалот кај Темпи и планот за прикривање, по широко распространетата недоверба на општеството кон Мицотакис, признавањето на Мицотакис дека истражната комисија за време на претседателството на Тасулас ја прикри вистината, но и со фактот дека во третото гласање Тасулас не наиде на широка прифатеност, го повикуваме Мицотакис да го повлече Тасулас од кандидат за претседател на државата, рече лидерот на СИРИЗА.

Дополнително објасни дека со повлекувањето на кандидатурата, ќе може нивната кандидатка, поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели, која е „натпартиска кандидатура да биде институционална гаранција за владеењето на правото и демократијата во Грција“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови