сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Медиу смета дека е невин и обвини дека мотивот за негово кривично гонење е политички

 

Поранешниот албански министер за одбрана, Фатмир Медиу, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба за случајот „Грдец”, во првата реакција обвини дека мотивот е политички, додавајќи дека е невин, бидејќи, според него, не била „министерска наредба што ја предизвикала трагедијата”.

– Ми беше презентирано истото досие, истото обвинение како и во 2009 година, без да додадат документ или дополнителен доказ, ме обвинуваат за злоупотреба на службената положба. Побарав да бидам сослушан, никогаш не сум бил сослушан. Се надевам дека ќе бидам испрашуван. Политички мотив е во обвинението. Не е министерската наредба која довела до трагедијата. Не го прифаќам обвинението, невин сум, демонтирањето е прашање на национална безбедност,  изјави Медиу по излегувањето зградата на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, каде бил запознат со покренувањето кривична пријава.

Додаде дека немал никаков контакт со американската фирма која се занимавала со демонтирање на муниција и дека е подготвен да одговори за секој документ што го потпишал.

– Кристално јасно е дека немам сознанија ниту знам кој потпишал. Ако го најдат мојот потпис на било кој документ во врска со ова прашање, јас ја преземам целата одговорност. Не сум имал никаков контакт со американската компанија која се занимавала со демонтирање, посочи тој.

Овде, посочи, има многу прашања каде за мене се даваат субјективни оценки.

– Подготвен сум во секое време да бидам повикан да одговорам за секој документ што сум го потпишал. Се надевав дека ќе има правда, додаде Медиу.

СПАК денеска поднесе кривична пријава против Медиу, кој за време на трагедијата, кога во погон за демонтирање на муниција, беше министер за одбрана.

Како последица од силната експлозија во март 2008 година животот го загубија 26 лица, над 300 беа повредени, а стотици индивидуални и стопански објекти беа разрушени.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови