Влезот на Хрвтаска во еврозоната сепак, не ги израдува сите граѓани на оваа земја. Иако воведувањето на еврото како официјална валута во земјата носи низа погодности, сепак постои еден број луѓе на кои ваквата одлука никако не им одговара.
Меѓу најпогодените со оваа одлука секако се сопствениците на менувачници, на кои работата во голема мерка им се темели на менување куни во евра и останато.
Откако од Нова година е воведено еврото, за голем број менувачници, од 1.080 колку што ги има според податоците на Хрватската народна банка регистрирани во Хрватска, настапуваат „тешки времиња“.
Како што пишува „Јутарњи“, повеќето сопственици на менувачници со кои разговарале прогнозираат дека во Хрватска и понатаму може да работат пет до 10 отсто од менувачниците. Според податоците на ХНБ, во Хрватска сега има 1.080 овластени менувачници на кои централната банка им издала одобрение за извршување менувачки дејности, а заедно имаат околу 3.500 подружници кои вработуваат повеќе од 10.000 луѓе.
Од ХНБ наведуваат дека неколку десетици менувачници досега јавиле дека не планираат да продолжат да работат во 2023 година.
Причината е тоа што 86 отсто од нивното работење е промет со евро, а околу 6 отсто со американски долари и 5 отсто со швајцарски франк.
Податоците од ХНБ велат дека во ноември2022 година овластените менувачнициоткупиле готови пари евра во износ од 108,2 милиони евра, а продале 88,5 милиони евра.