вторник, мај 20, 2025
22.7 C
Skopje

Мицотакис од Санторини: Целиот државен механизам е мобилизиран, препорачувам смиреност

Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката од Атина.

Мицотакис од утрово е во посета на островот и посочи дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и внимателно ги следат упатствата на експертите, кои ја советуваат цивилната заштита.

– Ќе продолжиме да ја следиме појавата. Нема ние да правиме какви било научни процени. Ова е работа на други кои го прават тоа и нè советуваат, како што беше случај досега. Уште еднаш да ги уверам жителите на Санторини, како и жителите на сите соседни острови кои во моментов поминуваат тежок период, дека државниот механизам е на нивна страна и очигледно дека е многу подобро да се подготвуваме и да спречуваме, отколку отпосле да брзаме за справување, истакна Мицотакис уште еднаш повторувајќи го неговиот апел за смиреност.

На Санторини грчкиот премиер е заедно со министерот за цивилна заштита и климатски кризи Василис Кикиљас.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови