Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната средба со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу изразил надеж дека по изборите во земјата и доколку добие втор мандат може да се постигне враќање на мермерите од Партенонот, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Мицотакис рекол дека не очекува веднаш да постојат резултати, но доколку одново ја добие довербата од граѓаните, по изборите „би можела да се постигне целта со целосно почитување на црвените линии на сите грчки Влади“ и мермерите од Велика Британија да се вратат во „нивната природна средина“ во музејот на Акропол во Атина.