петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

На локалните избори во Подгорица ќе учествуваат 13 листи

На локалните избори во главниот град на Црна Гора, Подгорица, закажани на 29 септември, ќе учествуваат 13 листи.

Граѓаните ќе изберат 59 советници, еден повеќе од претходниот состав избран во октомври 2022 година. Во Подгорица регистрирани се 145.908 граѓани со право на глас.

Вонредните локални избори ќе чинат околу 270.000 евра.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ поранешни сојузници, сега се главни конкуренти во борбата за власт во Подгорица. На изборните листи има и неколку поранешни министри, но и група граѓани.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови