недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

„Нема бензин, ако не носиш кацига“ – кампања на Министерството за здравство на Грција

„Нема бензин, ако не носиш кацига“ е новата кампања за безбедност во сообраќајот на возачите на мотори и заштита на човечките животи на Министерството за здравство на Грција во соработка со Министерството за развој и Федерацијата на сопственици на бензински пумпи, јави дописничката од Атина.

Иницијативата доаѓа по сообраќајна несреќа на Крит, во која животот го загуби 17-годишен возач, а веднаш потоа сопственик на бензинска пумпа на островот соопшти дека нема да точи гориво на мотоциклисти кои не носат кациги и ги повика сите колеги да го следат неговиот пример.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис денеска се сретна со претседателот и претставници на Федерацијата на сопственици на бензински пумпи со цел да помогнат во конкретната кампања.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови