недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ, КОГО УДИРА Масовна тепачка на сред новиот автопат во Црна Гора (ВИДЕО)

Неколку млади момчиња синоќа се степале на првата делница од новиот црногорски автопат Бар-Бољаре, во близина на наплатната рампа Матешево.

Како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи, младите излегле од автомобилите и почнале да се караат. Настанал толкав метеж што не се знаеше кој кого тепа, како и со што удираат.

Полицијата со помош на снимките и регистарските таблички ќе се обиде да утврди кои се учесниците во пресметката, пренесува Вијести.

Како што можете да видите на видеото, брутални удари доби млад човек во црна маица, кој во еден момент го тепаа четири лица.

Од ударите тој накратко заврши на банкината покрај патот, но успеа да се извлече.

Црногорската полиција соопшти дека конфликтот меѓу две групи млади момчиња се случил синоќа околу 20 часот и 30 минути, но дека случајот кај нив бил пријавен дури во 22 часот.

Не е познато што му претходело на инцидентот и дали има повредени.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови