среда, мај 14, 2025
13.6 C
Skopje

Нов земјотрес на Крит

Уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Крит околу 5 часот утрово, соопшти атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот се случи во морето, на 12 километри југоисточно од Закрос, јавува новинската агенција „АНА“.

Засега нема податоци за материјална штета.

Тоа е втор земјотрес што го погоди грчкиот остров во последните 24 часа. Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран вчера.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови