вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Ова е последната објава на Саша Поповиќ: „Најдов мир и спокојство“

Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување. Трагичната вест ја објави Гранд продукција, која Саша Поповиќ ја основа кон крајот на 90-тите.

Починал во болница во Париз, каде во последните денови бил опкружен со блиските, пишува „Б92“.

Иако интересот на јавноста за неговата здравствена состојба беше огромен, Саша Поповиќ одлучил да не дава никакви изјави во јавноста за време на лекувањето.

Поповиќ, последен пат се појави на социјалните мрежи кога го сподели своето искуство со стресот, пандемијата на Ковид и духовниот одмор кој му помогнал да си го врати менталното здравје.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови