четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Од Лезбос во Атина префрлени над 300 бегалци и мигранти

Со патнички ферибот, од островот Лезбос на атинското пристаниште Пиреас, рано утрово пристигнаа 367 беглаци и мигранти, кои дополнително, со автобуси ќе бидат распределени во прифатни центри низ Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претпладнево, се очекува да стигнат уште 20 бегалци и мигранти од островот Кос.

Префрлањето на барателите на азил од островите во делови на Грција е во рамките на политиката на грчката Влада за справување со проблемот со пренатрупаност во прифатните центри на островите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови