Претставникот на државниот секретар на САД за западниот Балкан Метју Палмер кажа дека САД сакаат да видат целосна нормализација на односите на Белград и Приштина, што би значело меѓусебно признавање.
„Кога би се признале едни со други, би можеле да ги решат спорните прашања како соседи“, кажа Палмер за телевизијата Н1.
Според него, потребно е Белград и Приштина да „седнат на маса, да постигнат договор и заедно да го исцртаат патот кон европската иднина“.
Палмер изјави дека повод за преговорите е тоа што и Србија и Косово тежнеат кон Европа и дека затоа е неопходно да се види какви компромиси се неопходни за да се оствари напредок.
„Потребен е договор кој јавноста на двете страни ќе го прифати и ќе го поддржи како најдобар пат напред“, наведе Палмер и дофдаде дека е важно тој договор да биде „спроведлив, правичен и траен“.
Тој кажа и дека нногу добро соработува со претставникот на Белата куќа Ричард Гренел и дека ова не е прв пат САД да именуваат двајца претставници за истиот проблем.