среда, мај 14, 2025
13.6 C
Skopje

Поранешниот прв разузнавач на Косово застана пред судот во Хаг

Поранешниот шеф на разузнавачката служба на безбедносните сили на Косово Салиф Мустафа денеска пред Специјалниот суд во Хаг
Поранешниот шеф на разузнавачката служба на безбедносните сили на Косово Салиф Мустафа денеска пред Специјалниот суд во Хаг
Сподели
Печати

Поранешниот шеф на разузнавачката служба на безбедносните сили на Косово Салиф Мустафа денеска пред Специјалниот суд во Хаг одби да се изјасни за обвинението во кое се терети за воени злосторства. Во пред судијата на претходна постапка Николас Гуилоу изјави дека пред да се изјасни ќе се консултира со својот адвокат. Тој има рок од 30 дена за изјаснување, а во меѓувреме останува во притвор.

Неговото прво појавување во суд беше јавно и во живо се пренесуваше на интернет страницата на Специјалниот суд. Неговиот адвокат Џулиус вон Боне за медиумите изјави дека не ја исклучува можноста неговиот клиент да поднесе белешки со кој ќе ја оспорува легалност на судот, но и во име на клиентот побарал од судот обвинението да му биде доставено на албански јазик.

Мустафа беше уапсен на 24 септември во неговата куќа во периферијата на главниот град на Косово, Приштина. Тој е првиот етнички Албанец уапсен под обвиненија за воени злосторства од конфликтот во 1990 година. Специјалното обвинителство го обвинува за индивидуална одговорност за причинети воени злосторства според меѓународното право, односно за произволно лишување на слобода на група луѓе, сурово постапување, мачење и убиства.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови