сабота, февруари 8, 2025
-3.2 C
Skopje

Пораст на случаите на грип, Ковид-19 и респираторни инфекции во Грција

Во периодот од 30 декември до 5 јануари, во Грција е регистриран пораст на заболени од грип и респираторни инфекции, како и на позитивни случаи на Ковид-19, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката од Атина.

Во однос на Ковид-19, стапката на позитивност кај сите тестирани примероци е зголемена во однос на претходната седмица, 538 лица биле хоспитализирани, а бројот на смртни случаи е 22.

Пораст има и на заболени од грип и во првата седмица од годинава биле регистрирани седум нови тешки случаи со хоспитализација на интензивна нега и еден нов смртен случај од лабораториски потврден грип.

– И грипот и Ковид-19 се поврзани со значителен број на смртни случаи меѓу тешките случаи, при што инфекцијата Ковид-19 е подоминантна од грипот. Се препорачува лицата кои ги исполнуваат условите за вакцинација, особено оние со поголем ризик од сериозни последици (стари лица и лица со здравствени проблеми), да се вакцинираат за двете болести, пишува во извештајот на Националната организација за јавно здравје на Грција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови