По повод 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со Украина, Албанија ќе отвори своја амбасада во оваа земја.
– По повод оваа 30-годишнина, со задоволство можам да објавам дека Албанија ќе го зголеми нивото на присутност во Киев со отворање на својата амбасада во Украина. Со задоволство го очекувам продолжувањето на соработката со мојот пријател и колега Дмитро Кулеба за уште повеќе да ја унапредуваме и зајакнуваме нашата соработка во иднина. #StandwithUkraine“, напиша во објава на социјалните мрежи, албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка.
Додава дека изминале 30 години откако Албанија и Украина воспоставиле дипломатски односи „како две земји кои излегле од тиранијата во слободниот свет“ и оценува дека Албанија и Украина припаѓаат на семејството на слободни и демократски народи.
– Денес сме горди што стоиме покрај Украина како вистински пријатели на потребната страна на историјата. Херојскиот отпор на Украина е борба за слобода и одбивање на враќањето на тиранијата од која одамна излеговме двете држави. Ова е причината зошто Албанија ќе ја поддржува Украина и нејзиниот народ максимално од нејзините можности додека не триумфира против илегалната агресивна војна на Русија. Албанија и Украина припаѓаат на семејството на слободни и демократски народи, наведува таа.
Исто така нагласува дека иднината на двете земји е во евро-атлантското семејство.