Во селото Пречна кај Ново Место во Словенија пронајдени се остатоци од метеор кои пред 10 дена експлодираше над Хрватска и Словенија.
Делови од метеорот се пронајдени од Грегор Кос и неговиот син во дворот на нивната куќа.
Метеорот експлодираше 34,5 километри над земјата, а во атмосферата влегол во брзина од 21 километри во секунда.
https://www.facebook.com/1022869932/videos/10220161764487333/
Хрватската метеоролошка мрежа два дена потоа направи анализа во која се вели дека волку брзи метеори не остануваат крупни метеорити, туку целиот материјал „гори“ во атмосферата.
-Можно е, меѓутоа, мали парчиња тешки до 10-тина грама да ја преживеат експлозијата и да се распрснат на широко подрачје, се вели во анализата.