вторник, мај 20, 2025
24 C
Skopje

Путин во Турција на отворање на гасоводот Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Истанбул на денешната церемонија на отворање на гасоводот Турски тек. На церемонијата ќе присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој долго време се обидува неговата земја да ја направи своевиден енергетски терминал. Преку новиот гасовод ќе течат над 31 милијарда кубни метри руски гас преку Турција до Бугарија, Србија и Унгарија. Најавено е дека на церемонијата ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови