четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Романија поднесе протестна нота поради непријателскиот гест на Австрија за приемот во Шенген

Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да и врачи протестна нота „поради неправедниот и непријателски однос на Австрија“ во однос на приемот на Романија во Шенген.

Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.

Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја.

„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, наведуваат од романсмкото Министерство за надворешни работи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови