вторник, декември 3, 2024
8.8 C
Skopje

Седница на Стратешкиот совет за соработка меѓу Србија и Унгарија, учествуваат Вучиќ и Орбан

Во Будимпешта денеска ќе се одржи втората седница на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија, на која ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Пред седницата, Вучиќ и Орбан ќе имаат посебна средба, а членовите на владите на двете земји, односно работните групи ќе имаат билатерални средби.

На седницата на Советот ќе учествуваат членови на владите на двете земји, јавија српските медиуми.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови