четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

СЕ ПУКАЛЕ СО ПИШТОЛИ НА ПОЗНАТА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА Ранетиот починал на пат кон болницата

Со неубави вести им започнала првата смена на хрватските полицајци денеска. Како што јавуваат медиумите од Хрватска, утрово околу 6 часот полицијата добила дојава дека во вооружена пресметка едно лице е сериозно рането во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац.

Пресметката се случила на една од плажите покрај популарниот Зрќе, каде што во летните месеци доаѓаат многубројни туристи да се капат во морето и да уживаат под сонцето.

Полициска екипа веднаш пристигнала на местото на настанот, пронајдено било повреденото лице, а по брза постапка приведено било и лицето кое пукало.

Ранетиот починал во возилото на Брзата помош на пат кон болницата.

На местото на инцидентот се води истрага, со цел да се утврдат сите факти и околности на настанот, пренесе Блиц.рс.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови