Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на подрачјето на грчкиот остров Лезбос.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар при Националниот институт за геофизика, геодезија и географија – БАН, земјотресот се случил вечерва, околу 22:38 часот по бугарско време.
Неговиот епицентар бил на 240 километри од Златоград, 260 километри од Карџали и 440 километри од Софија.
Според податоците на NIGGG-BAN, земјотресот бил почувствуван во реонот на градовите Карџали и Хасково, пишува Дарикњуз.
Луѓето исто така велат дека освен таму, доста силно се почувствувало и во Харманли, Свиленград и регионот. Има коментари дека потресот се почувствувал дури и на високите катови во Софија и во Пловдив.