сабота, јуни 14, 2025
29.8 C
Skopje

Силно невреме ја погоди вчера Грција – метеоролозите најавуваат бура која ќе трае 3 дена

Силно невреме ја погоди вчера Грција, а најлошо поминаа Тасос, Халкидики и Кавала, пренесуваат грчките медиуми.
На некои места веќе е прогласена вонредна состојба, каде реките се излеале и го блокирале сообраќајот.

Денеска локалните власти тврдат дека се е под контрола.

Најкритично беше во Олимпијада на Халкидики и Панагија во Тасос, каде бурата носела и автомобили. Според пишувањата на грчката метеоролошка станица ЕНУ, силно невреме под називот Гирионис кое е проследено со обилни врнежи, силен ветер и грмежи, ќе потрае уште најмалку три дена и ќе се сели од област во област во земјата, па може да доведе и до поплави

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови