Утрово околу 6 часот, во полиција било пријавено дека едно лице е рането од огнено оружје на хрватскиот остров Паг, во месноста Катарелац.
Тоа е една од плажите веднаш до популарната Зрќе. Како што може да се види од видеото кое кружи на социјалните мрежи, конфликтот се случил пред ноќен клуб.
На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан. Повредениот починал во брзата помош на пат кон болница. На местото на настанот се врши увид и во тек е кривична истрага за утврдување на сите факти и околности на настанот.
Еден помлад маж е убиен, очигледно застрелан во главата. Неколку лица, главно помлади странци кои случајно се нашле таму, веднаш истрчале на местото на настанот. Тие го превртеле застреланиот млад човек и започнале со давање вештачко дишење. Во меѓувреме пристигнала брза помош, но човекот не можел да се спаси.
Според неофицијални информации, Србинот најпрвин побегнал, но на крајот го фатиле.
Не станува збор за работници или туристи, а неофицијално се дознава дека и полицијата ја истражува можноста за нарачано убиство.