петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Србија има над 6.000 инфицирани со коронавирусот

Повеќе од 6.000 новозаразени со коронавирусот има во Србија, а починаа шест пациенти.

За едно деноноќие има точно 6.100 инфицирани. Тестирани се 16.655 лица, а шест починале. На респиратор се приклучени 18 пациенти.

Во Србија расте бројот на заразени, и се очекува дека тој број дневно може да изнесува и до 20.000.
Во соседна Грција скокна бројот на починати и бројот на оние кои завршиле во болница.

Светската здравствена организација(СЗО) повика во Европа да ја забрзаат вакцинацијата и да ги вратат маските, затоа што есенва се очекува нов бран.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови