понеделник, ноември 4, 2024
7.8 C
Skopje

Србија повторно со рестриктивни мерки – ќе се затвораат ноќните клубови

Српскиот Кризен штаб за сузбивање на заразната болест Ковид-19 денеска во 10 часот одлучува дали ќе се вратат дел од рестриктивните мерки во неколку градови со цел сузбивање на коронавирусот. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера најави дека рестриктивните мерки веројатно ќе бидат воведени во повеќе градови и дека нема да бидат воведени целосни забрани за движење или собирање, како во време на вонредната состојба.

Таа потсети дека засега се воведени разни вонредни состојби во Нови Пазар, Крагуевац, Ужице и Врање. Според неа, мерките ќе бидат во сила на одредени места, а не на целата територија на Србија.

„Во Белград секако има најмногу заразени лица, не по глава на жител, но вкупно, но повторно две третини од сите заразени се во Белград. Тоа е претежно помладата популација, така што ќе разгледаме како да таргетираме мерки и да го решиме тој проблем во тој момент“, вели премиерката.

Таа изјави дека работата на ноќните клубови ќе биде сигурно забранета и дека ќе се разгледа и забраната или ограничувањето на работата на рестораните.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови