Украинската амбасада во Белград соопшти дека милиони нејзини жители во градовите се соочени со закана од целосен недостаток на струја што би можело да доведе до хуманитарна катастрофа и ги повикаа властите, цивилното општество, бизнисмените и граѓаните на Србија да им помогнат на граѓаните на таа земја.
Во јавниот повик на амбасадата се истакнува дека на Украина и се важни секој генератор и аутотрансформатор,трансформаторите и високонапонската опрема, и тоа веднаш, бидејќи, како што соопштија, утре може да биде доцна.
Во соопштенеито се наведува и дека Украина добива помош од целиот свет во опрема за стабилизација на енергетскиот систем, но да тоа не е доволно.
-Москва од 10 октомври истрела над 1000 проектила на објекти од енергетскиот систем на Украина. За време на двомесечниот ракетен напад, речиси 50 отсто од украинскиот енергетски ситем (термо и хидроелектраните, како и високонапонската мрежа) се значително оштетени. Не остана ниту една електрана во Украина која не е гранатирана, посочуваат од амбасадата и укажуваат дека поради тоа цивилното население на Украина, вклучително болниците, училиштата и градинките, ќе се соочи со недостаток на постојан пристап до електрична енергија, топлина и вода.
Амбасадата потсетува и дека Украина не стоела настрана кога Србија имала проблеми во енергетскиот сектор, како и на одлуката на украинската влада да и предаде 100 тони мазут на Сојузна Република Југославија во вид на хуманитарна помош.