петок, ноември 8, 2024
1.8 C
Skopje

Уставниот суд на Романија и забрани на десничарката Шошоаки учество на претседателските избори

Уставниот суд на Романија (ЦЦР) и забрани на лидерката на десничарската партија СОС Романија, Диана Шошоаки да се кандидира на претседателските избори во ноември, бидејќи во своите говори повикува на „промена на демократските темели на државата и кршење на уставниот поредок“, залагајќи се за излегување на земјата од Европска Унија и од НАТО.

Шошоака, кој е пратеничка во Европски парламент, одлуката на ЦЦР од 5 октомври, ја оцени како политичка и ги обвини ЕУ, Евреите, САД и Франција за завера против нејзе.

Одлуката на ЦЦР е конечна и не е возможна жалба, но Шошоака најави дека ќе се обрати до Меѓународниот суд на правдата во Хаг ако е потребно.

Шошоака во јуни иницираше петиција во Парламентот на Романија за излегување од НАТО и бараше да се одржи референдум. Според неа Романија е заробена под чизмата на НАТО.

Улогата на претседателот на Романија е главно церемонијална, а овластувањата вклучуваат именување на премиерот по изборите и назначување на судии и обвинители. Претседателот врши надзор на надворешната политика, што значи дека новиот претседател ќе има клучна улога во посветеноста на Романија на војната во Украина.

Претседателските избори во Романија се закажани на 24 ноември, а вториот круг на 8 декември. Според анкетите за Шошоака би гласале околу 13,6 отсто од испитаниците. Додека актуелниот социјалистички премиер Марсел Чолаку би освоил 20,3 проценти, а независниот поранешен заменик генерален секретар на НАТО, Мирчеа Џоан би освоил 21,4 отсто од гласовите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови