вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Харадинај: По Шведска, се надеваме Косово е на ред за прием во НАТО

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај ја поздрави денешната официјализација на зачленувањето на Шведска во НАТО, оценувајќи дека Северноатлантската алијанса се зајакна со приемот во своите редови на таа скандинавска држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

– Политичко-воениот сојуз – НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. Се надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови