четврток, октомври 3, 2024
22.8 C
Skopje

Хрватска воведува нови економски мерки: почнува со скратување на работното време

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес ги претстави најновите мерки за поддршка на хрватската влада за зачувување на работните места за време на кризата со коронавирусот. Новите мерки се скратени работно време, самовработување и помош за микропретпријатијата во борбата против последиците на пандемијата.

Мерката за скратено работно време, кажа Пленковиќ, можат да ја користат работодавците со повеќе од 10 работници со планиран пад од најмалку 20 отсто во однос на истиот месец минатата година со доказ за отежнато работење.

Мерките се однесуваат на периодот до декември годинава, кажа хрватскиот премиер.

Додаде дека финансиската поддршка ќе изнесува од 2.000 куни (околу 16.000 денари) нето по работник.

Пленковиќ објасни дека работодавецот е должен да ги плати придонесите на финансиската поддршка. Договорот за работа не може да биде откажан најмалку 30 дена по престанокот на користењето на поддршката.

Од утре ќе бидат реактивирани мерките на активно самовработување.

„Мерката ќе важи и кај микропретпријатијата до девет работници. Станува збор исто за 2.000 куни“, кажа Пленковиќ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови