Ова е, како што се наведува, резултат на заострување на мерките на граничните премини со Србија и БиХ, со кои се поврзани повеќето новозаразени граѓани во Хрватска во последната недела.
Тоа за „Јутарњи лист“ го потврди и хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на Националниот штаб Давор Божиновиќ, кој рече дека контролите на тие граници се зајакнати и пропишаните мерки се строго контролирани.
– Откако дојде до нови случаи на инфекција, а повеќето од нив беа поврзани со тие земји, започнавме да спроведуваме поинтензивни контроли во четвртокот. Секој што сака да влезе во Хрватска мора да ја каже причината за патувањето и да презентира придружни документи, како што е економски интерес во нашата земја, рече Божиновиќ.
Тој истакна дека Хрватска не ги отвори во целост своите граници кон Србија и БиХ, како што е сторено со десет европски држави кои имаат добра епидемиолошка состојба.
Целосно затворање на границите со овие земји сè уште не се разгледува.