сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Членовите на Северноатлантскиот совет во дводневна посета на Сараево

На покана на Босна и Херцеговина, членовите Северноатлантскиот совет (НАК) предводени од заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска и утре ќе престојуваат во посета на Сараево.

Како што соопшти Алијансата, посетата ќе започне со средба на Џоана и постојаните претставници на земјите членки во НАТО со членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Попладне делегацијата на НАК ќе се сретне со претседавачката Борјана Кришто и членови на Советот на министри на БиХ, како и со претставници на раководствата на двата дома на Парламентарното собрание на земјата.

Тема на разговорите ќе биде практична соработка меѓу НАТО и Босна и Херцеговина.

Утре, Џоана и амбасадорите на членките на НАТО ќе ја продолжат посетата на БиХ со средби со претставници на граѓанскиот сектор и со студенти од неколку универзитети во земјата, по што ќе ја посетат воената база „Рајловац“.

Покрај со домашните претставници, делегацијата на НАК ќе се сретне и со командантката на Штабот на НАТО во Сараево, бригадната генералка Памела Мекгаха, со новиот командант на Силите на Европската Унија во БиХ (ЕУФОР-АЛТЕА), генерал-мајорот Ласло Штиц, високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит и со други претставници на меѓународната заедница во земјата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови