недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Ѓелошај: Косово е независно и е сигурен партнер на Црна Гора

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Ник Ѓељошај денеска изјави дека фактот што шефицата на црногорската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Маја Вукиќевиќ вчера гласала против препораката за прием на Косово во Советот на Европа, не мора да значи дека тоа е официјална политика на Владата.

– Пратеничкиот мандат е независен и во овој процес гласаат пратениците од сите политички групи. Не мора да значи дека тоа е официјална политика на Владата. Ова се ставови на пратениците, кои имаат право на тоа, истакна Ѓељошај.

Комитетот за политички прашања и демократија на ПССЕ го одобри извештајот, со кој се препорачува да се прифати барањето на Косово да стане членка на Советот на Европа, а црногорската претставничка Вукиќевиќ, од Демократската народна партија на Милан Кнежевиќ, гласаше против и покрај официјалната политика на Црна Гора.

Ѓељошај наведе дека ставот на Владата е јасен: „Косово е независно и е наш сигурен партнер. Оваа Влада нема апсолутно никаква дилема. Продолжуваме со добрососедски односи со сите“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови