вторник, октомври 28, 2025
6.8 C
Skopje

Вучиќ за проблемите во енергетскиот сектор: Уште една недела за договор, потоа ако нема решение – Србија самостојно ќе одлучи за заштитата на граѓаните

За домашниот енергетски сектор следните седум денови ќе бидат многу важни и потоа ќе се разговара со „руски, американски и европски партнери“ за да се најде решение за снабдувањето со гас и нафта,. Доколку не се најде решение тогаш државата во наредната недела потоа, сама ќе донесе одлуки. Тоа синоќа на Инстаграм го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Следната недела е исклучително важна и во таа недела ќе разговараме со руските, американските и европските партнери за да најдеме решение. Ако немаме решение за проблемите следната недела, ние самите ќе донесеме одлуки таа недела и ќе го заштитиме населението… Верувам дека ќе обезбедиме доволни количини (за сите енергенси)“.

Според него, Србија „ќе биде апсолутно безбедна за се до 10 или 15 ноември“, и додаде дека неодамна воведените санкции врз Росњефт и Лукоил, што САД првично ги воведоа врз неевропските филијали на тие компании, „ќе стапат во сила на 21 ноември“.

Покрај санкциите воведени врз тие компании и врз Националната индустрија на Србија, Вучиќ рече дека дополнителен проблем за домашното снабдување е несреќата во унгарската рафинерија за нафта МОЛ, за која рече дека истрагата ќе покаже дали станува збор за саботажа.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови