Skyrocket на јавниот долг успорува на финансиското небо – короната и удар врз економијата

25

Вирусот го црта буџетот, пандемијата го пумпа државниот долг кој почнува да паѓа додека се штеди дури и на рана детекција на малигни заболувања и на борба со загадување

 

Редакција КОХА

Со звукот на ситно и брзо штепување на машината за шиење во топлиот дуќан во старата Скопска Чаршија, мајстор Биљал најпрецизно ја опишува економската криза предизвикана од корона. Тој е во Чаршијата од мали нозе, почнал како чирак во 1970-тата, а последните две години ги чувствува последиците врз животот на луѓето.

-Последниве две години со короната е тешко. Државата лани ни даде две три плати. Оваа година не добивме таква финансиска помош. Работиме, не шиеме ново, главно сервис правиме на стара облека на муштериите, крпиме. Немаат луѓето, носат панталониза крпење или патенти да им смениме, вели Биљал Абдуловски, занаетчија-кројач од стара чаршија, додека погледнува низ прозорот кон испразнетата културно-туристичка дестинација во Скопје.

Крпење не само во обичните семејни буџети, короната предизвика крпење и на државниот буџет. Парите заминуваа кон запирање на последиците од новата болест, пандемијата и економското затворање. Од друга страна многу тешко се собираа за државни потреби.

-Секако дека затворањето (локдаунот) влијае на намалување на економската активност, на помалиот промет во трговијата, намалениот обем на туристички услуги, помалку платениот данок на додадена вредност, помалата добивка на компаниите и со тоа помалиот данок на добивка. На ова следи и намалена можност за исплата на доходи на вработените и надворешни лица, помали исплати на дивиденди и со тоа помалку платен данок на личен доход. Економијата функционира како систем на врзани садови. Токму во 2020 година економската ективност беше намалена кај најголем број европски земји и кај нас, потенцира економскиот експерт за даночни прашања Павле Гацов.

-Последниве две години со короната е тешко. Државата лани ни даде две три плати. Оваа година не добивме таква финансиска помош. Работиме, не шиеме ново, главно сервис правиме на стара облека на муштериите, крпиме. Немаат луѓето, носат панталониза крпење или патенти да им смениме, вели Биљал Абдуловски, занаетчија-кројач од стара чаршија, додека погледнува низ прозорот кон испразнетата културно-туристичка дестинација во Скопјe

ОД ШУПЛИВО ВО ПРАЗНО-КРПЕЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ПАРИ

Кога во последниот месец од годината, владата ја испрати својата Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници и фондовисо која околу 88 милиони евра се префрлаат од институции кои не ги реализирале капиталните инвестиции, пратениците од владечката коалиција без многу дебата и реплики ја одобрија одлуката. Парите тргнаа во повеќе насоки, за решавање на енергетската криза, за здравство и вакцини, за земјоделски субвенции.

-Со Одлуката, 930 милиони денари се обезбедуваат како финансиска поддршка на АД ЕСМ за надминување на енергетската криза. Дополнително 780 милиони денари се обезбедуваат за подмирување на обврски кон земјоделците по основ на субвенции за земјоделството и руралниот развој. За здравство се обезбедуваат 741 милион денари, во чии рамки се средства за јавните здравствени установи, за програмата за целосно здравствено осигурување, за набавката на вакцини против КОВИД-19, за лековите за ретки болести и слично, рече министерот Фатмир Бесими, надлежен за секторот финансии.

Но, одлуката содржи и други податоци, детали на што се кратело и на што се додавало. Штедењето и пренамената на буџетскиот денар удрило и врз некои категории или активности кои се од големо значење на граѓаните. Активности кои може да се опишат и како услуги за граѓаните.

Загадувањето на воздухот, не е веќе само тема интересна за еколошки дебати, туку е и прашање за подобро здравје на граѓаните. Од владината програма за намалување на аерозагадувањето со последната одлука за прераспределба на буџетски средства укинати се над 46 милиони денари или околу 750 илјади евра од резерви за капитални расходи. Битката против загадување на воздухот ќе биде посиромашна за оваа сума, пари кои не биле потрошени за таа цел.

Министерот Бесими е во право дека сумата која со оваа одлука ќе биде прераспределена на здравство изнесува 741 милион денари (12,04 милиони евра). Но, истовремено од буџетот на истото министерство за здравство ќе бидат одземени и прераспределени околу 209 милиони денари (3,4 милиони евра).

Забележливо е дека например со прераспределбата се одземаат пари кои биле наменети за рана детекција на малигните заболувања. Раната детекција е превентивна мерка за порано откривање на рак и канцер, со што се даваат поголеми шанси на пациентот да преживее подолго време и на лекарите да им даде шанса да се борат против оваа опасна болест. Владата одлучила, а собранието потврди дека 1,1 милион денари од активноста наменета за рана детекција на малигни заболувања ќе се пренамени за друга цел. Тоа е околу 17.900 евра помалку за рано откривање на рак.

Скратени се и пари за изградба на болниците во Скопје, Штип и Кичево, изградба и реновирање на амбуланти во селски подрачја, намален е износот за бесплатно лекување на пензионери и определни социјални категории. Како за малигните болести, прераспределни се и пари кои биле наменети за заштита на луѓето од бруцелоза.

 

ЗГОЛЕМУВАЊА НА БУЏЕТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Задолжителна имунизација на населението, се зголемува за 70.500.000 денари,

Заштита на населението од СИДА, се зголемува за 7.000.000 денари,

Здравствена заштита на лица со болести на зависности, се зголемува за 24.000.000 денари

Партиципација за осигурени лица, се зголемува за 200.000.000 денари,

Лекување на ретки болести, за 100.000.000 денари,

Целосно здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните на РСМ, Трансфери до Фондот за здравствено осигурување се зголемува за 340.000.000 денари;

Вкупно зголемување вкупно 740.500.000 денари (12.040.650 евра)

(Овде може сите, а намсето зборот зголемува може стрелка нагоре зелена)- овие двете табели мже да идат најгоре во првиот дел)

 

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК ВО ПРЕРАСПРЕДЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ

Сепак, за програма за лекување на ретки болести се префрлени 100 милиони денари (околу 1,64 милиони евра), а покрај за партиципација (200.000.000 денари) од одлуката за прераспределба најмногу ќе добие Фондот за здравствено осигурување-340 милиони денари (5.528.000 евра). Овој трансфер е поради постојниот систем на јавно здравство, кој во реалноста се соочува со повисоки трошоци и намалени проценти за придонеси.

-До 2008 година збирната стапка на социјалните придонеси кои се пресметуваат од бруто платата изнесуваше 32,5% (сега оваа збирна стапка изнесува 28%). Стапката на придонесите за здравство изнесуваше 9,7% и беше повисока од сегашната збирна стапка на двата придонеси за здравство за 21%. Светски тренд е постојаниот раст на цените на здравствените услуги. Новите технологии во здравството, новите лекови кои се резултат на фундаментални и тековни истражувања, потоа потребата од постојана доедукација на медицинскиот перонал бараат се повеќе средства за финансирање на овој важен сегмент на секоја држава. Затоа и во иднина финансиските потреби за здравствениот сектор постојано ќе растат, вели даночниот експерт Павле Гацов.

Најголемите трошоци се за набавка на вакцини. Нова фармацевтска „стока“ која на почетокот ја немаше и беше скапа. Досега никој во државата не соопшти колку пари се потрошени за вакцини иако и во последната одлука за прераспределба на буџетски средства е наведено дека пари ќе се дадат и за вакцини. Но таква ставка едноставно нема, туку во буџетските средства на владата стои „Мерки за справување со Covid-19 кризата, ставката 464 – Разни трансфери се зголемува за 163.680.000 денари“. Единствено оваа дефиниција одговара и „мириса“ на набавка на вакцини, а изнесува околу 2,6 милиони евра.

Здравствениот систем поради пандемијата беше оптеретен и со дополнителни зголемени нови трошоци и нови потреби. На тој начин, цената на здравствените услуги во пандемија растеше и бидејќи станува збор за јавно здравство го оптоварува даночниот и финансискиот систем на државата. Помалку пари, помалку и полоши услуги, вели Гацов кој решението го гледа во поголем зафат на приватни иницијативи регулирано по највисоки стандарди во рамки на јавното здравство.

 

-Граѓаните бараат суштински реформи во здравствениот сектор. За почеток од начинот на финансирање. Да се напушти системот на целосно финансирање на јавното здравство преку Фондот за здравствено осигурување и да се отпочне процес на финансирање преку приватни здравствени фондови кои би прибирале средства од делот на придонесот за здравствено осигурување од платите. Овие нови акредитирани фондови, врз основа на потпишани договори со здравствените установи, би го подигнале квалитетот на здравствените услуги што ги нуди јавното здравство, со оглед дека наплатата би зависела од испорачаниот квалитет и бројот на услужени пациенти. Задоволните пациенти директно ќе влијаат на финансискиот успех на здравствената установа, а тоа пак ќе влијае на нејзината опременост и кадровска екипираност, предлага економистот Гацов.

Услугите за граѓаните зависат од длабочината на државниот паричник, а колку и да го тресеш буџетот, едноставно е толку голем колку што ќе се платат даноци во него. Не само даноци, туку и она што ќе се земе на заем од оној што има вишок пари и живее од позајмување. На тој начин се шири и се продлабочува големата дупка- наречена јавен долг.

Корона вирусот освен што ја ширеше болеста меѓу пациентите ја прошири и дупката на долгот.

ДОЛГОТ ПРЕСТАНА ДА ГАЛОПИРА

На 31-ви октомври 2021-ва државниот долг на РС Македонија изнесувал 5.989.600.000 евра што претставува 51,1 % од Бруто домашниот производ. Државниот долг е поголемиот дел од јавниот долг, кој покрај долгот на државата ги содржи и кредитите, заемите и задолжувањата на јавните претпријатија, агенции и фондови. За вкупен јавен долг нема податоци за овој период. Последниот јавно достапен податок на веб сајтот на Министерството за финансии е за крајот на септември оваа година и тогаш изнесувал 6,951 милијарди евра, а државниот долг изнесувал приближно исто како оној на крајот на октомври напишан погоре (5,987 милијарди евра). Иако помал за милион и пол евра, државниот долг и во октомври и во септември изнесувал 51,1 % од БДП. Јавниот долг пак во септември изнесувал 59,3 % од БДП.

 

КРАТЕЊЕНА БУЏЕТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Управа за електронско здравство, се намалува за 192.180 денари,

Центар за традиционална кинеска медицина, се намалува за 130.000 денари,

Реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ во РСМ, се намалува за 45.804.934 денари,

Медицинска опрема за потребите на ЈЗУ во РСМ, се намалува за 50.725.485 денари,

Општа болница Кичево, се намалува за 24.808.637 денари,

Други градежни објекти се намалува за 1.000.000 денари,

Изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, се намалува за 52.000.000 денари,

Амбуланти во рурални подрачја, се намалува за 325.000 денари,

Градежни објекти се намалува за 175.000 денари,

Испитување на појавата на бруцелоза кај луѓето, се намалува за 1.220.000 денари

Превентивни мерки за спречување на туберкулоза кај населението, се намалува за 4.096.000 денари,

Заштита на населението од СИДА, се намалува за 3.500.000 денари,

Рана детекција на малигни заболувања, се намалува за 1.100.000 денари,

Здравје за сите, се намалува за 1.000.000 денари,

Здравствена заштита на болни кои се третираат со дијализа, се намалува за 200.000 денари,

Болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери и одделни социјални категории, се намалува за 21.592.264 денари

Дирекција за радијациона сигурност, се намалува за 305.500 денари,

Поддршка на имплементација на декадата и стратегијата за Ромите, се намалува за 1.200.000 денари,

Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, се намалува за 39.000 денари; Вкупно намалување 209.414.000 денари (3.405.000 евра)

 

Само краток преглед на табелите покажува како короната влијаела врз движењето на државниот и на јавниот долг. Американците имаат израз „skyrocket“ или прилагодено вртоглаво расте. Единствената добра вест е што од јуни оваа година, растењето покажува знаци на минато време. Најголемиот измерен долг Македонија го има запишано во јуни 2021-ва, тогаш јавниот долг изнесувал 7,387 милијарди евра  (63,1% од БДП), а државниот бил на кота 6,411 милијарди евра (54,7%од БДП).

За година и пол (од кои 17 месеци во светска пандемија, а 16 со прогласена национална епидемија) долгот експлодирал и од 4,457 милијарди евра државен долг на почетокот на 2020-тата година, до први јули оваа година се искачил до 6,411 милијарди евра. Пресметано со статистиката на пандемијата растот бил речиси 2 милијарди евра (1,954 милијарди евра). Сличен раст во сума имал и вкупниотодносно јавниот долг. Во проценти од БДП, за година и половина пандемија државниот долг скокнал за 14,2 % додека процентуалниот раст на јавниот долг е помал, ама сепак двоцифрен.

Анализите на министерството за финансии покажуваат дека растот и финансикиот должнички пик е достигнат и сега има пад после јуни, иако сепак се појавува минимален раст во последниот октомвриски измерен државен долг кој е повисок за 1,5 милиони евра од претходниот септемвриски. За исплата на ратите за долгот е користена и евро-обврзница земена лани во вредност од 700 (наместо планираните 500) милиони евра.

Падот, од јуни до крај на октомври, на државниот долг изнесува 422 милиони евра и за првпат последните месеци, овој долг е понисок од измерениот државен долг на крајот на првата пандемиска година, 2020-тата. Во таа година долгот растеше и поради редовно планираните кредити кои исто така беа поставени на високо ниво, но и непланирано се дуплираше, поради милимикронскиот вирус кој ја запре економијата.

-Максималниот лимит за нето-задолжување (домашно и странско) по основ на државен долг во 2020 година во износ од 400 милиони евра беше надминат за 559,1 милион евра и на крајот на 2020 година изнесува 959,1 милион евра, стои во годишниот извештај за јавниот долг за 2020-та, изготвен од Министерството за финансии.

Економската криза и зголемените финансии за потребите на здравствениот сектор ги затегнаа до крај фискалните можности на македонскиот буџет од една страна, а од друга го прави несериозно натамошното задолжување заради евентуална нетаргетирана финансиска помош на економските субјекти, објаснува економистот Павле Гацов, кој вели дека по падот на БДП лани, изненадувачки е приходот од данок оваа 2021-ва. Препорачува сузбивање и оданочување на сивата економија наместо намалување на даноци за сите.

-Намален е и бројот на туристи, но како што гледаш масите се празни затоа што имаме и мерки за сертификат при влез во угостителски објекти. Короната не натера на преживување, а и строгите мерки носат помал број гости и помала заработка, ни рече Аријан Вејселовски

-Наплатата на даноците во 2021 година е подобра од планираното, но повторно благодарение на зголемената наплата од регистрираните даночни обврзници, за сметка за нерегистрираните субјекти кои работат на црно и со ништо не придонесуваат во буџетот на државата, од која пак користат и бараат исполнување на јавните потреби/услуги што како граѓани ги имаат. Со оглед дека даноците се плаќаат преку режим на самооданочување (обврзниците сами го утврдуваат даночниот долг што треба да го платат), важно е дали во структурата на даночните приходи e зголемена наплатата врз основа на контроли врз регистрираните даночни обврзници наместо преку постепено воведување во легалниот систем на нерегистрираните економски субјекти, односно откривање на нелегално вршење на дејност, неиздавање фискални сметки, работење на црно и сл, изјави даночниот експерт Павле Гацов.

Парите што ќе се соберат од даноци всушност ја намалуваат потребата од земање нови кредити и заеми за пополнување на буџетските празни графи. Исто така наплатените даноци, како и кредитите/заемите освен што се користат за финансирање на државата, во пандемијата почнаа засилено да се користат како економски мерки за помош на фирмите и компаниите кои најмногу го почувствуваа економскиот Ковид удар.

Народната банка исто така се вклучи во оваа операција, а најзначајна мерка за опстанок на компаниите беше намалувањето на основата за деловните банки за задолжителната резерва во денари, кое што се однесуваше на новоодобрените и реструктурираните кредити одобрени за  дејности коишто беа најпогодени од пандемијата. Со мерката беше предвидено да се поттикне непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.

НБРСМ покрај тоа ја смени регулативата за да овозможи замрзнување на кредити во рок од 6 месеци, воведе привремен мораториум за исплата на банкарските дивиденди, а ја намали основната каматна стапка на историски најниско ниво од 1,25%.

-Со мерките на НБМ продолжи трендот на намалување на каматните стапки, при што заклучно со октомври оваа година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е сведена на историски најниско ниво вкупните од 4,45%, при што падот е постепен, но континуиран, од избувнувањето на пандемијата наваму. Истовремено, кредитната поддршка во сиот досегашен тек на кризата не забави, туку забрза и заклучно со октомври оваа година, годишниот раст на кредитирањето изнесува  6,7%, со придонес на двата сектора иако поизразен кај секторот „домаќинства“. По регулаторното олеснување за привремено ненаплаќање на кредитите, во текот на првиот период, околу 44% од вкупното редовно кредитно портфолио во нашата земја го сочинуваа кредити со олеснети услови за отплата, што е повеќе отколку во ЕУ, ни одговорија од Народната банка.

ЛОКАЛНО НИВО-ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА КАКО НА ДРЖАВНО

Пандемијата во Македонија беше пресечена и со два изборни циклуси. Поради претходни злоупотреби на државни и буџетски пари, изборите во Македонија влијаат на економската активност, преку тоа се влијае на прибирање на даноци кои пак треба да се употребат за услуги за граѓаните.

Кога има изборен циклус, кругот на парите е уште пооштетен. Едноставно, изборниот законик не дозволува употреба на буџетски пари во зборни цели и промоции на претставници и функционери кои треба да се грижат за буџетот, било на државно, било на локално ниво. Покрај тоа се запираат и некои нормални процедури и надлежности на државните и општинските органи.

За таков пример ни кажа и еден од ретките градоначалници кои успеа да опстане на позицијата која ја држеше и пред локалните октомвриски избори. Звонко Пекевски е градоначалник на Берово и вели дека короната ги намалила општинските активности и за прибирање даноци и за услуги на граѓаните. Но изборите ги сотреле поради строгите изборни правила.

-Мора да признам дека сега приходите ќе се зголемат, особено со делот на легализации на дивоградби кои беа закочени особено со двата изборни процеси. Процесот на одлучување по барање на решенија за легализација се забрзани, а на тој начин се прибираат повеќе средства кои пак се употребуваат за потреби на граѓаните како например носење урбанистички планови или за урбано уредување на општината. Општина Берово имаше доволно средства за редовно сервисирање на граѓаните, а дел беа и трансфери од централната власт. Приходите се на планираното ниво особено со прибрани даноци, но трошоците беа зголемени. Сепак поради мерките и условите, општинската администрација долг период работеше сменски или пола-пола, ни изјави Пекевски.

Релноста и крпењето е забележливо особено во помалите градови и општиникако што е Берово. Општината со креативни решенија ќе се обиде и да го спасува буџетот и да ги спасува жителите кои ќе плаќаат давачки.

-План ни е да ја намалиме даночна основица за данок на промет на градежно земјиште, например во централното подрачје на Берово е најскапа цената односно даночната основица и сметаме дека таму квадрат земјиште вреди 25 евра. Предвидено е да ја намалиме на 22 евра за квадрат. Ќе овозможиме поголем проток и продажба на земјиште, ќе се намали даночниот прилив, но ќе почувствуваат и граѓаните кои продаваат или купуваат. Од друга страна при експропријација на земјиште, општината ќе плаќа помала цена за земјиштето, го објаснува градоначалникот Пекевски овој проширен даночно-услужен круг на општинско ниво, кој овозможува преживување во најтешките моменти.

Со истиот збор „преживување“ и младиот Аријан Вејселовски го опиша времето на корона. Аријан е млад угостител во скопската Чаршија, каде веќе не може да се слушнат многу странски јазици како порано од многубројните туристи.

-Намален е и бројот на туристи, но како што гледаш масите се празни затоа што имаме и мерки за сертификат при влез во угостителски објекти. Короната не натера на преживување, а и строгите мерки носат помал број гости и помала заработка, ни рече Аријан Вејселовски.

Кругот на парите и економијата треба да биде цел за да биде функционален. Трошење пари,  данок и услуги за граѓаните. Но тој круг се скина и се крпеше со заеми и кредити.

-Со оглед дека економијата, вклучувајќи го и нејзиниот фискален дел, функционира како систем на врзани садови потребни се успешни пробивања на десетина точки како услов за општо подигање на ефикасноста на системот. Дигитализација секаде кај што е можно, силна борба против сивата економија, демонетизација, регистрација и опфат на нерегистрираните субјекти… Само на таков начин ќе се подигне квантумот на собраните јавни приходи, врз темелите на концептот на даночна правда – еднаквост пред даноците. Во спротивно резервна опција е зголемување на даночниот товар за веќе регистрираните субјекти (заемите треба да се враќаат) и третата опција е враќање на изворните постулати на буџетирањето, прво планирање на јавните приходи, а потоа утврдување на јавните расходи но само во рамките на планираните приходи и оставање на дел од приходите за раздолжување. На ред е државата, да покаже дека знае и што е поважно, дека може, објаснува експертот за даноци Павле Гацов.

Пандемијата уште не е завршена, енергијата станува се поскапа, инфлацијата се загрева и знаењето и можностите на државата ќе треба да бидат големи за да се избегне уште еден вртоглав раст на долгот, односно нова брза ракета на финасиското небо.

(Овој текст е изработен како заеднички проект помеѓу Vijesti.me од Црна Гора и весникот “Коха” од Македонија)