недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во Општина Аеродром

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишале Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и по добиена писмена согласност од родител или старател на ученикот.

Како што соопштија од Општина Аеродром, Митески по потпишувањето на Меморандумот, истакнал дека само со меѓусебна грижа за здравјето на децата, можат да се создадат услови за превентивна заштита и правилен раст и развој.

Стојаноски посочил дека се планира овој проект да не биде еднократен, туку да се воведе како редовна практика со цел превенција на младата популација.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови