сабота, октомври 12, 2024
16.8 C
Skopje

Актерот Бен Крос почина по кратко боледување

Актерот Бен Крос починал во Виена на 72-годишна возраст по кратко боледување, потврдила неговата ќерка на Фејсбук, пренесува „Гардијан“.

„Со скршено срце ја споделувам со вас веста дека мојот мил татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе извесно време, но последните неколку недели неговата здравствена состојба се влоши“, напишала таа.

Крос, англиски актер, најпознат по улогата на британскиот олимписки спортист Харолд Абрахамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар, е роден во Лондон во 1947 година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови